Обамејанг нема да игра повеќе за Габон: Доста е, 13 години играв за националниот тим

123

Напаѓачот на Барселона Пјер Емерик Обамејанг одлучи да не игра повеќе за репрезентацијата на Габон со што ќе го насочи фокусот само на настапите за клубот од „Ноу Камп“. Оба-Оба замина од Борусија Дортмунд за да го облече дресот на Барселона, а сега одлучил да стави крај на репрезентативната кариера.
13 години ја презентирав мојата држава. Одлучив да ставам крај на интернационалната кариера. Им се заблагодарувам на габонскиот народ и на оние кои ме поддржуваа во добро и во лошо“, пишува во соопштението на Оба.
Инаку тој беше капитен на популарните „пантери“ за кои одигра 72 натпревари и постигна 30 голови.
Го предводеше Габон на Летните Олимписки игри во Лондон 2012, потоа на Африканскиот куп истата година, потоа на Африканскиот куп во 2015 година, во 2017, а не настапи на истиот турнир оваа година поради тоа што беше заболен од Ковид-19.

ПретходноЈубилеј: На денешен ден пред 20 години Кометал ЃП ја “освои“ Европа! (ВИДЕО)
СледноМилевски во рамките на „Македонија 2025“: Вистинскиот лидер секогаш презема повеќе од вината околку од успехот