И Хрватот Дино Скендер е во “игра“ за тренер на Шкендија!

721

 

Дино Скендер (38), според информациите на „Спортмедиа“, е еден од кандидатите за нов шеф на стручниот штаб на Шкендија. Станува збор за млад стратег од Хрватска, кој досега во својата кариера како прв тренер бил во Осијек и Олимпија Љубљана, но не се задржал премногу во овие два клуба.

Кариерата како тренер ја започнал во тимот од својот роден град Осијек, и тоа во вториот тим на сега еден од најдобрите клубови во Хрватска. Со него раководство на Шкендија е во преговори, моментално е слободен, нема ангажман и допрва ќе се знае дали тетоввци и Скендер ќе си кажат “ДА“.

Инаку со Шкендија се поврзува, за нов тренер, неколку имиња и тоа Деан Клафуриќ, Исмет Муниши, Ќатип Османи, Александар Васоски и сега Дино Скендер. Како што дознаваме, тетовци за ден – два би требало и официјално да го назначат својот нов тренер.

ПретходноАјнтрахт го урна германското проклетство во ЛЕ
СледноКако деца вака игравме „Ринге, ринге јаја“, а сега тоа е тактика во фудбал (видео)