Милевски во рамките на „Македонија 2025“: Вистинскиот лидер секогаш презема повеќе од вината околку од успехот

275

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски заедно со најдобриот наш ракометар на сите времиња и селектор на ракометната репрезентација на Македонија Кирил Лазаров, како и прославениот коашаркар Ѓорѓе Војновиќ беа дел од самитот, „Македонија 2025“, кој што беше организиран од страна на бизнисмените со македонско потекло од САД, Џон Битов и Мајк Зафировски, домаќините на целиот настан.

На него свое излагање имаа сите тројца, а селекторот Благоја Милевски како вистински спортсмен со своето излагање испрати силна порака до сите оние кои успехот го сметаат за свој начин на размислување.

„Добриот лидер превзема повеќе од вината и помалку од успехот. Се обидувам да бидам одговорен кон себе и кон тимот. Да го покажам мојот пример затоа што тоа е најбрзиот начин на кој еден лидер може да изгради доверба со својот тим. И се разбира, да се остане скромен и смирен со членовите од тимот, затоа што гордоста не прави вештачки, а скромноста реални“ – рече селекторот Милевски.

 

ПретходноОбамејанг нема да игра повеќе за Габон: Доста е, 13 години играв за националниот тим
СледноРоде ја покажа лузната од синоќа… сепак вредна е трофеј во Лигата на Европа