Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го освои првиот пехар со Ал Фејха. Тој го освои Кралскиот куп во Саудиска Арабија, откако неговиот тим по пенали го победи Ал Хилал со 3-1 во големото финале во Џеда.
Македонскиот репрезентативец се најде во стартниот состав на Ал Фејха, кој испиша историја дојде до првиот трофеј во својата историја, исто како и Трајковски, за кого ова е прв важен пехар во кариера.
#VIDEO: Al Feiha crowned with the first official championship in the club’s history after winning the King’ Cup final 2021 – 2022. (@Alfaihaclub)pic.twitter.com/edJQvJzko3
— Saudi Gazette (@Saudi_Gazette) May 19, 2022