Евертон после чудесен пресврт успеа да остане во Премиер-лигата, откако со 3-1 го победи Кристал Палас, иако имаше негатива од два гола.
По завршување на мечот на теренот на „Гудисон Парк“ влегоа навивачите на Евертон со цел да го прослават триумфот.
Во центарот на вниманието се најде тренерот на гостинскиот тим, Патрик Виеира. Додека одеше накај соблекувалната, еден од фановите на противничкиот тим се обиде да го испровоцира. Французинот не успеа да се воздржи, па го нападна навивачот. На голема среќа не се случи поголем инцидент, благодарение на присебните фанови на Евертон кој го извадија тренерот од мешаницата и безбедно го испратија до соблекувалната.
„Немам ништо да кажам околу тоа“, беше коментарот на Виеира.
Patrick Vieira has been filmed in an altercation with an Everton fan on the pitch at Goodison Park during tonight’s pitch invasion. pic.twitter.com/MOliWvsSHJ
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 19, 2022