Кошаркарите на Голден Стејт поведоа во финалето на Западната конференција, откако славеа против Далас со 112-87.
Тоа беше најголемиот натпревар во „Чејс центарот“ во Сан Франциско, каде Вориорс се преселија од Оукленд по нивното последно финале во 2010 година. Но, публиката на првиот натпревар од финалето, не се покажа во најдобро светлот. На трибините фановите беа во различни бои, иако организаторите оставија соодветни жолти маици на секое седиште за поддршка на тимот.
Многумина гледачи ги игнорираа маичките, едноставно не ги облекоа, што пак ги налути останатите. Меѓу нив беше и познатата актерка Џесика Алба, која не е голем фан на Вориорс, но често беше снимена на трибините на НБА и универзитетските кошаркарски натпревари, особено во Калифорнија.
На „Твитер“ профилот на сите навивачи на овој тим во светот стоеше порака до сите кои ќе дојдат да на вториот финален меч: „Носете маици! Ако може Џесика Алба, можете и вие. И кажете им на сите околу вас да ги облечат“.
Message for Warriors fans: WEAR THE SHIRTS.
If Jessica Alba can wear the shirts, you can wear the shirts. If you’re there, tell those around you to put them on! pic.twitter.com/fjJEftA4na
— r/Warriors (@GSWReddit) May 19, 2022