Неколку европски медиуми јавуваат во моментов дека тимот на Борусија Дортмунд денеска му врачил отказ на досегашниот тренер Марко Росе. Информацијата најверојатно ќе биде потврдена од страна на клубот во следните час, два но е речиси сигурно дека Росе нема да го води клубот во следната сезона.
Дортмунд заврши како втор изминатата сезона зад шампионот Баерн Минхен со минус од осум бодови.
Засега сеуште нема ниту шпекулација кој би можел да го наследи Росе на клупата на „Милионерите“ кои ги очекува „пост Халанд“ период откако норвежанецот замина во Сити летово.