Поранешниот ас на Лацио, Парма и Интер ги презеде „двоглавите орли“ од Атина

149

Поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида е нов тренер на АЕК од Атина, објави грчкиот клуб на официјалниот сајт. Договорот на поранешниот халф со АЕК е до 30 јуни 2024 година, со тоа што „двоглавите орли“ имаа опција да го продолжат договорот на уште една сезона.

Како фудбалер Алмеида настапуваше за многу клубови Ривер Плата, Севиља, Парма, Интер, Бреша, но врвот го достигна со Лацио. Со Лацио беше шампион на Италија во сезоната 1999-2000, потоа два пати го освои Купот, триумфираше во Купот на победниците на куповите во 1999 година и го освои Суперкупот на Европа истата година.

Со Парма триумфираше во италијанскиот куп во сезоната 2001/02.

Како тренер работеше во Ривер Плата, Банфилд, Гвадалахара со која ја освои титулата во Мексико и беше шампион на КОНКАКАФ зоната.

ПретходноФИНАЛЕ: Нова титула за Ефес или враќање на „Кралевите“ на тронот?
СледноТрофејот од СП пристигна во Скопје! (фото)