Боби Божиновски: Посебно е чувството кога ќе освоиш трофеј со “лавовите“…ќе видиме за “пензија“!

568

Боби Божиновски синоќа дојде до својот четврти пехар во Купот на Македонија во својата кариера. Тој на 41 година како капитен на на “лавовите“ заедно со Ермедин Адем, го прими победничкиот пехар од првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

Откако малку се “одмори“ од вчерашното славење, за „Спортмедиа“ трофејниот фудбалер искоментира…

Па, добро. Секако дека славевме синоќа во Ѓорче, во една позната кафеана, што сите ја знаат, но не претерувавме, ха ха ха…се беше како што доликува на победнички тим во Купот на Македонија“.

 

No description available.

 

Македонија ЃП е четврта екипа во неговата кариера со која го освои Купот.

Посебно е чувството кога ќе освоиш пехар со `лавовите`. Претходно освојував со Работнички, Тетекс и Пелистер, ова за мене беше седмо финале и четврти пехар. Зарем треба да се каже дека сум пресреќен. Искрено финалето и не беше којзнае колку квалитетно, ние не успеавме да победиме во регуларниот дел од мечот, Силекс се покажа како исклучително жилав противник. И кога дојдоа пеналите знаев дека сме блиску, дека ќе победиме. Јас бев одреден како шести изведувачм, но ете немаше потреба да шутирам. Моите соиграчи и голманот Стевковски ги решија дилемите. Пресреќен сум“ вели Божиновски.

Не се води некој посебна статистика, но не веруваме дека досега во изминатите 29 финални мечеви некој играл во големото финале со 41 година и притоа победил и како капитен го примил победничкиот пехар.

Не се сеќавам ни јас, но тоа е помалку важно. Знам на што алудирате, демек до кога Боби ти ќе играш? Мислам дека не можам сега да кажам кога ќе се пензионирам. Но времето се приближува, имам 41 година. Сакам повторно да бидам во тимот кога Македонија ЃП ќе игра во Европа ова лето, сепак ќе видиме за `пензија`“ заврши Божиновски.

ПретходноУште еден доказ дека нема ништо од Мбапe: Перез пристигна во Белград, на финалето на Ф4! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноЛеклер ја има пол позицијата во Шпанија