Шок на Ролан Гарос, испадна минатогодишната победничка

307

Домашната претставничка на Ролан Гарос, Диан Пари, која има 19. години во моментов во рамките од првото коло од овогодинешниот Гренд Слем, ја приреди и засега најголемата сензација совладувајќи ја минатогодишната победничка на турнирот Барбора Крејчикова од Чешка. Конечниот резултат на мечот гласи, 1:6, 6:2, 6:3, по сетови, и иако на стартот се мислеше дека фаворитката нема да има никакви проблеми да се справи со Пари, сепак, се случи сосема спротивното.

„Тешко е да се каже дека некој очекуваше ваков резултат. Секако дека сум пресреќна што усепав да победам. Се обидов да бидам агресивна на теренот и да освојувам што повеќе директни поени. Исто така се обидував да не размислувам премногу за да не си создадам дополнителен притисок. Размислував единствено како да не ја загувам концентрацијата и одев поен по поен“ – изјави Пари.

 

ПретходноНадал без проблеми на стартот на Ролан Гарос
СледноРафаел Леао е играч на сезоната во Серија А