Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се пласираа во големото финале на НБА лигата по победата над Далас со 120:110 и така во финалната серија на Западната конференција славеа со 4:1.
Најефикасниот во тимот од Сан Франциско беше Клеј Томпсон со 32 поени, Ендру Вигинс со дабл-дабл ефект од 18 поени и 10 скокови, а Дрејмонд Грин додаде 17 поени.
А Стеф Кари е прогласен за најкорисниот играч на финалната серија на Западот со просек од 23,8 поени, 7,4 асистенции и 6,6 скокови.
Кај Далас најдобриот ефект го имаше Лука Дончиќ со 28 поени, девет скокови и шест асистенции, Спенсер Динвиди постигна 26 поени.
Инаку Голден Стејт во текот на целиот меч беше во водство, а најголемата предност +25 ја имаше во третиот период. Далас во финишот на истиот успеа да намали на 92:84 но немаше сила да направи целосен пресврт.
За Вориорс ова е шесто НБА финале во осум сезони со што го изедначија рекордот на Чикаго Булс кои тоа го направија во периодот од 1991 до 1993 и од 1996 до 1998 година.
Противник на Голден Стејт во големото финале ќе биде шампионот на Истокот. Вечерва во Бостон ќе се игра шестиот меч помеѓу Бостон и Мајами. Домашниот тим има предност од 3:2 во серијата.