Левиот бек Тоше Ончев потпиша за ГРК Охрид: Ме привлече нивниот проект…

142

Левиот бек Тоше Ончев го напушти Тримо Требње од Словенија и потпиша тригодишна верност со ГРК Охрид. 25-годишниот ракометар ја градеше кариерата во Вардар Јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Ст.Марсел Вермон (Франција), Керкира (Грција) и РК Работнички.

Голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја.
Се надевам на големи успеси и излез во Европа за наредна сезона” – изјави Ончев на својата презентација.

 

ПретходноОзил: Не одам во друг клуб, ќе ја завршам кариерата во Фенербахче
СледноМал интерес од Македонија – само 2 автобуси тргаат за Разград!