Како што дознава „Спортмедиа“, Али Адем повторно ќе го носи дресот на Шкупи. Секако дека тоа ќе биде супер засилување за шампионот, за тимот на стратегот Гоце Седлоски, прво во евро настапите а потоа наесен и на домашната сцена.
Имено играчот за врска е под договор со Арис, но во изминатите шест месеци играше како позајмен играч во Вериа, а со оглед на тоа дека позајмицата му истече, тој се враќа во Шкупи и ќе игра како позајмен играч на Арис во наредниот период, исто како што беше од февруари до декември 2021 година.