Голден Арт ја засили десната страна на тимот со млади македонски ракометари!
Мице Шилегов и Дејан Гошевски се нови играчи на Голден Арт. Десната страна, на позиција бек и крило во следните две години ќе биде посилна за двајца млади играчи, кои веќе неколку сезони играат во највисок ранг на натпреварување.
23-годишното десно крило Мице Шилегов е играч кој ги помина сите национални селекции, настапувајќи за јуниорската репрезентација на Македонија на ЕП 2016 во Данска и на СП 2017 во Алжир. Својата ракометна кариера ја стартуваше во скопски Металург, а минатата година настапуваше за РК Охрид.
Леворакиот Дејан Гошевски игра на позиција десен бек, а своите ракометни почетоци ги има во локалниот клуб РК Јаков од Македонска Каменица, а преку Металург и Охрид минатата сезона играше за Тиквеш од Кавадарци.
Договорот на Шилегов со тимот од Опшитна Аеродром е на една сезона со можност за продолжување на уште една, додека Гошевски стави потпис на договор со Голден Арт за следните две сезони.