ФИНАЛЕ НА ЕП У21: Германците по трета, Португалците по првата титула

146

Вечерва на стадионот „Стожице“ во Љубљана (21:00 часот) ќе се одигра финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година. На теренот ќе истрчаат Германија на која ова и е трето едноподруго финале на ЕП У21 (вкупно петто), додека Португалците трет пат се во финале, а првпат по 2015 година.

Германците два пати го освојуваа трофејот, во 2009 и 2017 година, додека Португалците ги загубија претходните две финалиња.

Португалците го совладаа бранителот на титулата Шпанија во полуфиналето, а со тоа направија прекрасна серија од 12 победи вклучувајќи ги и квалификациите. Исто така ги победија Англија и Швајцарија во групата, а Италија во четвртфиналето.

Португалците во своите редови ги имаат: Диого Коста, Диого Далот, Диого Кеирош, Гедсон Фернандес, Рафаел Леао и најдобриот стрелец Дани Мота кој даде три гола на ова ЕП (вкупно седум за репрезентацијата). Германците ја освоија титулата во 2017 со победата над Шпанија, но во следното финале во 2019 година изгубија од истиот противник со 2:1.

Сега повторно се во финале. Германците ги имаат капитенот Арне Мајер од Херта, потоа Мерџим Бериша од Салцбург, Салих Озџан од Келн, најдобриот стрелец Лукас Нмеча од Андерлехт кој има 11 гола на 19 натпревари (три на ова ЕП), потоа Флоријан Вирц од Леверкузен, Шлотербек, Буркард…

МОЖНИ СОСТАВИ

ГЕРМАНИЈА (4-2-3-1): Дамен – Вагноман, Пипер, Шлотербек, Раум – Дорш, Маер – Баку, Вирц, Бериша – Нмеча

ПОРТУГАЛИЈА (4-4-2): Диого Коста – Далот, Леите, Кеирош, Конте – Витиња, Браганса, Фабио Виеирам, Гедсон Фернандес – Дани Мота, Рафаел Леао

ПретходноТројца наши од идеалниот тим на ХНЛ кои се повикани за ЕУРО 2020!
СледноТриумф на Мигуел Оливеира на ГП Каталонија