Милевски: Перфектно второ полувреме, заслуживме победа!

238

Селекторот задоволен од исходот на средбата а по натпреварот напомена дека националниот тим ја имал контролата на мечот од самиот почеток на средбата па се до крајот:

„Прв натпревар, натпревар во нов цилус со противник кој беше носител во нашата Ц група.  Не е ништо готово.  Не, никако не сме фаворити за прво место во групата,  ова е само прв натпревар“.

Селекторот го анализираше мечот и додаде:

„Мислам дека од првата минута па до крајот на средбата Македонија го контролираше мечот. Не бев задоволен од некои сегменти во првиит дел. Имаа еден удар на гол и дадоа гол.  Во второто полувреме не може а да не бидам задоволен. Перфектно второ полувреме. Доминиравме во сите сегменти, за жал не реализиравме некои одлични шанси. Нема што да им замерам на играчите кои освен Трајковски и Алиоски се вон натпреварувачка форма“.

По целата анализа селекторот констатираше:

„Заслуживме да победиме, заслуживме чиста победа… Сега на ред е Гибралтар и сега мислиме само на тој меч. Без разлика на тоа што направија тие денеска ние одиме таму со максимален респект. Вештачка трева, долг пат… Ништо не е лесно…“.

ПретходноПетров: Многу брзавме и примивме смешен гол
СледноРистовски: Имавме шанси за победа!