Денеска почнува финалната битка за тронот во мак-шампионат. За пехарот ќе се борат МЗТ Скопје и Пелистер. Бранителот на титулата, тимот од Аеродром ја има предноста на домашен терен, првиот дуел против битолскиот состав е закажан во 19 часот.
МЗТ Скопје оди по деветата титула, додека на другата страна Пелистер по првата за нов историски успех. Искуството е на страна на тимот од Аеродром, знае како да се игра на овие големи мечеви, а дека во страшна форма покажа во последните 11 мечеви, во кои нема пораз. Токму во оваа серија на двапати убедливо славеше против битолчани. Меѓусебниот скор оваа сезона 3-2 за „сино-белите“.
Пред финалето добро е да се знаат неколку интересни факти.
Пелистер го оствари најголемиот успех во клупската историја со пласманот во финалето од Првата лига во кое со МЗТ Скопје Аеродром ќе се бори за титулата. Со тоа, клубот ја стави Битола во групата градови кои дале финалисти во домашниот шампионат во машка конкуренција.
Најмногу екипи во сериите за титулата, очекувано, имало од Скопје – пет: Работнички, МЗТ Скопје, Вардар, Вардар Осигурување и Карпош Соколи. Само еднаш во досегашните 29. сезони (без 2019/2020 која беше прекината поради корона) се случило во финалето да нема екипа од главниот град. Таква беше ситуацијата во 2008 година кога за трофејот се бореа Фени Индустри и Струмица, а титулата ја однесе кавадаречкиот тим, најдолгата финална серија која беше решена во максимални седум натпревари.
Покрај Скопје и Битола, финалисти имаше уште од: Кочани (Деликатес во 1994 и 1995), Велес (Жито Вардар во 1997), Гостивар (Никол Ферт во 2000), Струмица (Поло Трејд во 2003 и Струмица во 2007 и 2008), Куманово (Куманово во 2002, 2014 и 2015), Кавадарци (Фени Индустри во 2008, 2009, 2010, 2011, 2012 и потоа како Еуро Никел во 2021) и Гевгелија (Кожув во 2013 година).
Пелистер ќе се обиде да стане само шестиот македонски клуб со титула во првенството, покрај Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Фени Индустри, Струмица и Никол Ферт.
Најтрофеен тим останува Работнички со 15 титули, зад него е МЗТ Скопје кој оди по деветата титула, по што следуваат Фени Индустри со три, Струмица и Никол Ферт со по една.
________________________________________________________________________
*За МЗТ Скопје ова ќе биде вкупно 16. финална серија…
*По десетти пат по ред „сино-белите“ ќе играат во серијата за шампионскиот трофеј
*МЗТ Скопје (Аеродром) има по осум победи и седум порази во финалето
*Сите седум порази на МЗТ Скопје се во дуелите со Работнички
*Првата шампионска титула МЗТ Скопје ја освои во сезоната 2011/2012 кога беше поуспешен Фени Индустри (4-1 во финалето)
*Пелистер атакува на својата прва шампионска титула
*Ова ќе биде прва финална серија помеѓу овие два клуба низ историјата
*Работнички е нашиот најтрофеен клуб, има 15.титули во 29.сезони
*Прваци на нашата држава биле уште и екипите на Никол Ферт од Гостивар и Струмица