Тешко му е на Вахид Халилхоџиќ како селектор на Мароко. Секојдневно трпи големи навреди, воопшто не е омилена личност и тоа поради фактот дека не сака да го врати Хаким Зијеш во репрезентацијата.
По пријателскиот меч со САД, на кој Мароко беше убедливо совладан, голем број фанови му довикуваа да си замине, без разлика што токму тој ги однесе на Мундијалот во Катар. Најдалеку отиде една жена која во службените простории трчаше зад него постојано дофрлувајќи му непристојни зборови, едноставно вербално го нападна селекторот..
За среќа популарниот Ваха не одреагира како што знае, во спротивно ќе беше навистина интересно.
Vomitoire
L’@EnMaroc a été assez catastrophique, le coach bien mal inspiré
Mais ce que nous voyons dans cette video est scandaleux
Faisons un peu la part des choses… pic.twitter.com/zgPSRqsQ42— HBA (@hichambenalaoui) June 2, 2022