Познати деталите за навивачите во Букурешт: Брзиот тест ќе чини 8 евра, без алка нема пристап до стадионот!

672

Македонските фанови кои ќе дојдат да ја бодрат Македонија на ЕУРО 2020 за двата меча во Букурешт ќе мора да направат брз-антигенски тест за да можат да имаат пристап до трибините на националната арена.

Од романската фудбалска федерација и организацискиот одбор информираа цената на тестот ќе чини 8 евра, а истиот можат да го направат на медицинските пунктови ширум Букурешт.

Овој анти-генски тест мора да се направи задолжително на 24 часа пред секој натпревар. Македонија првиот меч го игра на 13. јуни против Австрија, додека вториот е закажан за четири дена подоцна против Украина.

Процедурата за оние кои имаат примена втора доза на вакцина (десет дена по примањето), имаат ПЦР тест не постар од 72 часа, како и документ за прележан Ковид-19 од 15-90 ден и брз-антигенски тест не постар од 24 часа, со потврда од сите овие опции ќе треба да платат едно евро за да ја добијат алката која заедно со билетот ќе биде задолжителна за влез во стадионот. Без медицинската алка никој нема да има приспат на стадионот во Букурешт.

Листата на официјалните медицински пунктови за тестирање во Букурешт може да ја видите на следниот ЛИНК.

ПретходноДржавата направи отстапка за одбојкарите, во Струмица „владеат“ други закони
СледноУЕФА го намали наградниот фонд за ЕУРО 2020, ФФМ веќе заработи 9,25 милиони!