Младиот голгетер на Бенфика, Дарвин Нуњез би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Извори блиски до Ливерпул, денеска објавија дека „црвените“ почнале контакт со агентот на Нуњез и ги објавиле своите намери.
И покрај конкретниот интерес, од Ливерпул ставиле до знаење дека не сакаат да фрлаат нереални милиони за Уругваецот и не планираат трансфер по секоја цена. Бенфика пред извесен период го процени напаѓачот на 80 милиони евра (68 милиони фунти).
Нуњез оваа сезона постигна 34 гола на 40 натпревари.