Израелецот Рајншрајбер на центарот за мечот со Грузија

177

41-годишниот израелски интернационален судија, Рои Рајншрајбер ќе го суди мечот в четврток на нашата фудбалска репрезентација против селекцијата на Грузија. УЕФА денеска ги потврди делегираните судии за 3. коло од Лигата на нациите и првиот меч кој Македонија ќе го одигра на домашен терен.

Израелецот пред 4 години и судеше на нашата репрезентација на Националната арена во Скопје и тоа на мечот против Лихтенштајн во Лигата на нации, кога нашите момци славеа убедливо со 4:1. Во својата судиска кариера, Рајншрајбер им има судено и на нашите млади селекции до 19 години.

ПретходноСтатистика: Македонија на мечот со Гибралтар со рекордни 612 успешни додавања
СледноКристијан Стојкоски го продолжи договорот со „лавовите“