Репрезентацијата на Германија вечерва на домашен терен ќе ја пречека Англија во рамките од второто коло од новата Лигата на Нации. По тој повод, предмалку од германската федерација објавија дека нивниот тим денеска ќе настапи во дресовите на женскиот германски тим, како поддршка на нивниот настап на овогодинешниот европски шампионат.
„Супер е тоа. Ме интересира како ќе им стојат, односно дали ќе им стојат подобро од нас. Во прашање е поддршка за нас и нашиот настап за ЕП. Многу е важно што взаемно се поддржуваме“ – изјави германската репрезентативка Анет Зеиц.
Женската репрезентација на Германија го направи истото за своите колеги минатата година.