Големата норвешка ракометна ѕвезда, Сандер Сагосен, ќе мора да биде надвор од терените 6 до 8 месеци. Веста денеска ја потврди лекарот на Кил, Френк Прис, кој вели дека Сагосен има фрактура на левиот скочен зглоб и поради тоа денеска му била извршена итна операција.
Од германскиот бундеслигаш денеска информираа дека операцијата била успешна и дека обемот на штетата е како што претходно се претпоставуваше.
Она што го чека сега Сагосен е неколкунеделен одмор и потоа започнува периодот на рехабилитација.