„Кенгурите“ на чекор со СП 2022: Перу е последната пречка за настап на Мундијалот

139

Фудбалската репрезентација на Австралија е на чекор до пласман на Светското првенство во Катар оваа зима. Вечерва на полуфиналениот бараж меч со Обединетите Арапски Емирати одигран во Катар, „кенгурите“ остварија победа од 2:1 и се пласираа во еден од последните два финални баражи од кои ќе ги добиеме последните две селекции кои ќе играат на Мундијалот.

Австралија поведе со голот на Ирвин во 53. минута, но ОАЕ успеаја да израмнат во 57. минута со голот на Санедо.

 

Победата за „кенгурите“ ја донесе Хрустиќ со голот во 84. минута. Пред Австралија се га е само уште едн апречка до Мундијалот, а тоа е селекцијата на Перу. Победникот од тој дуел ќе биде 31-от учесник на СП во Катар.

 

ПретходноБарса ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за Де Јонг
СледноРеал (М) утре на посебна свеченост ќе го објави новиот договор со Модриќ