Тетекс има нов претседател и управа

823

ФК Тетекс од денес и официјално има нова раководна структура. На местото на досегашниот претседател Војо Тофиловски кој се повлече на крајот од изминатиот шампионат, доаѓа Мирче Блажески кој од денеска ќе раководи со клубот.

Поранешните играчи на Тетекс, Стојмир Урошевиќ односно  Борче Мирчевски исто така се дел од новото раководсто на клубот, додека пак Бојан Захариев ќе биде новиот тим менаџер.

„Најпрво сакам да се заблагодарам на собранието на ФК Тетекс за довербата која ми ја укажа да застанам на чело на еден од најголемите македонски клубови. Првата цел ќе ни биде клубот да го отвориме за сите спортски работници и за оние имиња кои нешто значат во фудбалско Тетово. Во изминатиот период клубот беше затворен, тешко можеше да се дознае што се случува и потесното раководство, но и јавноста немаше увид што се случува во клубот. Акцент ќе биде ставен на младинската школа која треба да се развива и да го врати стариот сјај“ – изјави Блажески.

 

 

ПретходноИ ФФМ со порака до Лазаров: КРАЛ, шампион…сега ни требаш дома!
СледноКадетите на собир во Штип пред настапот на БП во Србија