Илија Столица е нов тренер на Партизан

341

Од многуте имиња кои се споменуваа како нов тренер на тимот на Партизан, управата на клубот се одлучи сепак, да го постави Илија Столица за нов кормилар. Ова за стратегот е враќање на стадионот на ЈНА, со оглед на фактот што на стартот на овој милениум тој беше член на клубот но како играч, а сега еве се враќа за да ја врати конечно титулата во витрините на Партизан.

Столица беше селектор на Србија во младинските У17 односно У19 селекции, а потоа заврши одлична работа и на клупата на Вождовац. Следуваше трансфер во тимот на Олимпија Љубљана, за да на крајот ја преземе и репрезентацијата до 21. година на Србија.

 

ПретходноЉупчо Марковски е нов тренер на Работнички
СледноМициќ продолжува во НБА, но не во Оклахома