Иако пред неколку дена се појави веста дека Шалке преговара со Штутгарт за целосен откуп на Дарко Чурлинов, се чини дека ништо од тоа. Најновите информации од Германија се дека тимот од Гелзенкирхен има намера да го задржи Македонецот, но повторно како позајмен играч. Се чини дека оваа варијанта на Штутгарт нема да му одговара и ако веќе нема да го има својот фудбалер во наредната сезона во Бундеслигата, тогаш барем Шалке да плати отштета. Познато е дека Штутгарт бара 3 милиони евра како отштета ако сака Шалке да го откупи.
Останува да се види како ќе се одвиваат работите со Македонецот кој и тоа како му помогна на Шалке да се врати во елитата.