Откако во сезоната што заврши пред две недели Интер ја загуби титулата во Серија А и тоа од градскиот ривал Милан, раководството на „неро – аѕурите“ има намера во следната сезона тимот да го направи посилен. Јасно е дека Перишиќ е само едно убаво минато, но Интер има намера во нападот да ја има тројката Лаутаро – Лукаку – Дибала.
Вака на хартија овој напад изгледа страшно, но засега само првиот е член на клубот, останатите двајца сеуште не се тука.
Ова се плановите на Интер, е сега дали ќе се остварат останува да се види.