Крстовски „раскина“ со Зрински

312

Марио Крстовски и официјално повеќе не е дел од тимот на Зрински од Босна. Екс македонскиот младински репрезентативец го раскина договорот со овој клуб, каде што реално никогаш и не доби шанса.

Крстовски сиот овој период играше на позајмица, а последно беше дел од тимот на Леотар Требиње, каде што на десет меча забележа два гола и три асистенции.

Крстовски е дете на Хоризонт Турново, па настапуваше за Академија Пандев, а дел од кариерата ја мина и во Работнички односно Македонија ЃП.

 

ПретходноДинамо го победи Вардар со непостоечки пенал
СледноШокантно: КК Партизан ќе биде исфрлен во ТРЕТА ЛИГА!?