Австрија и на вториот тест пред дуелот со Македонија без постигнат гол!

234

Селекцијата на Австрија, првиот наш ривал на ЕУРО 2020, меч кој ќе се игра во недела, попладнево во Виена на стадионот „Ернест Хапел“ одигра 0:0 против селекцијата на Словачка. Ова за момците на селекторот Франко Фода беше последната проверка пред настапот на ЕП и дуелот со Македонија.

Интересно, и во втората контрола репрезентативците на Австрија не успеаја да постигнат гол. Прво со Англија загубија со 0:1, а денеска играа без голови со Словаците.

Фода попладнево мечот го започна со: Бахман, Тримел, Лајхарт, Хинтерегер, Улмер, Грилич, Алаба, Лазаро, Сабицер, Баумгартнер, Калајџиќ. Играа и Лајмер, Илсанкер, Арнаутовиќ, Грегорич, Шауб, Пош.

ПретходноМВП признанието во рацете на Андреј Магдевски
СледноАеродром „гори“: „Фемили“ во екстаза, се слави титула (ФОТО+ВИДЕО)