Ливерпул се засили со играч од 100 милиони евра!

318

Садио Мане најверојатно ќе премине во редовите на Баерн, судбината на Мохамед Салах е неизвесна, неодамна одби да ја продолжи соработката со Ливерпул, па раководството на клубот не остава ништо на случјаност.

Од таборот на „црвените“ доаѓа информација дека Дарвин Нуњез е завршена работа. Тој со своите настапи во дресот на Бенфика стана мета на многумина екипи, но на крајот се одлули за Ливерпул, ќе потпише петгодишен договор.

Бенфика за земе 80 милиони евра плус 20 милиони евра за разни бонуси, на крајот трансферот ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Нуњес ќе биде големо засилување на премиер-лигашот. 24-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 41 меч за Бенфика, а постигна дури 34 гола и 6 асистенции.

ПретходноПресврт: Шаќири останува на клупата…Шкендија веќе е во Словенија на подготовки! (ФОТО)
СледноУкраина ја “збриша“ Ерменија! (ВИДЕО)