МЗТ Скопје го подигна осмиот пехар во својата историја, со 3-0 ја заврши финалната пресметка против Еуро Никел, и сосема заслужено се радуваше на овој голем успех.
Признанието за најкорисен играч му припадна на Андреј Магдевски, кој беше вистински лидер, имаше две извондредни две блескави партии. И во Гевгелија, и сега во Скопје, го предводеше својот тим кон титулата.










