Фудбалерите на Шкупи се на подготовки во Охрид, каде ја одработуваат првата фаза за она што ги очекува во фудбалска Европа, а ќе играат во квалификациите во Лигата на Шампионите. Главното од подготовките ќе се одработува во Турција каде ќе се одигра и пријателски меч со славниот Фенербахче.
Сепак и во Охрид момците на стратегот Гоце Седлоски ќе одиграат пријателски меч и тоа против тимот на Балкани, член на елитната лига на Косово.
Овој натпревар е закажан за на 14 јуни (вторник) со почеток од 17 часот, во Охрид.