Победничко збогум на Жарко Пешевски!

173

Пред малку заврши последното коло во Бундес-лигата. Од тројца Македонци, двајца следната сезона нема да ги гледаме на теренот. Филип Муркуловски стави крај на играчката кариера, ќе го гледаме како помошен тренер во Вецлар, додека пак Жарко Пешевски се збогува со Штутгарт, следната сезона ќе игра за Е.Пелистер.

Пешевски имаше шанса да се поздрави со домашните навивачи и тоа победнички. Штутгарт беше пдообар од Мелсунген со 28-25. Македонскиот репрезентативен пикер постигна еден гол од исто толку обиди.

Филип Кузмановски и Хановер по голема драма успеаја да се изборат за реми (26-26) против Лајпциг. Македонскиот репрезентативец постигна два гола од исто толку обиди, а стрелец на голот за реми беше Мартиновиќ.

ПретходноНЕ Е ШЕГА: Пирло официјално е нов тренер на Караѓумрук
СледноДејан Манасков им се обрати на фановите на Веспрем: Ваков крај не замислував…