НЕ Е ШЕГА: Пирло официјално е нов тренер на Караѓумрук

186

Беше најавено уште пред неколку денови но некако не се разбра оваа информација како сериозна. Сепак, ете сега е официјално. Поранешниот италијански фудбалски ас Андреа Пирло е нов тренер на турскиот суперлигаш Фатих Караѓумрук.
Пирло кој кратко работеше како тренер на Јувентус одлучи да отиде надвор од Апенините и да работи во Турција со клубот кој пред две години, после долго чекање, избори промоција во Суперлигата.

Договорот на Пирло е на една година, а тој е вториот италијански тренер во Караѓумрук во последните две години после Франческо Фариоли.
Инаку новиот клуб на Пирло заврши на осмото место во турската Супер лига минатата сезона со скор од 16 победи, 9 нерешени и 13 порази.

Инако во овој клуб веќе играат четворица Италијанци, голманот Емилијано Вивијани кој е поранешен италијански репрезентативец, потоа дефанзивецот Давиде Бираски кој е позајмен од Џенова, напаѓачот Фабио Борини како и дефанзивецот Рајан Банија, екс-играч на Верона и Мантова.

ПретходноГолемиот борец го одигра последниот танц: Победничко збогум на Миркуловски!
СледноПобедничко збогум на Жарко Пешевски!