Овации за Миркуловски: Големиот борец одржа говор на македонски јазик (ФОТО+ВИДЕО)

10128

Филип Миркуловски денеска стави крај на својата богата играчка кариера. Големиот борец го одигра последниот меч во дресот на Вецлар, имаше победничко збогум, неговиот тим на домашен терен го совлада Минден со 30-29. Популарниот Жути се запиша двапати во листата на стрелци на оваа средба.

Миркуловски беше поздравен со овации од страна на навивачите. На неговиот последен меч не само што имаше голема поддршка од фановите на Вецлар, на трибините беше неговата сопруга Благица до двете ќеркички, тука беше неговиот татко Марко, неговите некогашни соиграчи, Гоце Георгиевски и Ацо Јоновски. На овој дуел беа присутни најблиските пријатели.

Во чест на Фичо беше пуштена песна од Тоше Проески. Тој прво на германски јазик им се заблагодари на сите, а потоа на македонски јазик им се обрати на своите најблсики за сета поддршка која му ја даваа во текот на 20 години кариера. Посебно благодарам упати кон неговата сопруга Благица, која низ годините беше најголемиот ветер во грб.

Миркуловски од следната сезона повторно ќе биде во Вецлар, но во улога на асистент тренер.

Ужувајте во прекрасните моменти во продолжение.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија „гази“, Барди блеска, Миовски со два гола за две минути (видео)
СледноУ-21 пријателска: Македонија повторно ја победи БиХ, Арда Курталан двоен стрелец!