Голден Стејт поведоа со 3-2 во плеј-оф финалето против Бостон и се најде на чекор до четвртата титула во последните осум години, вкупно седма во историјата. Вориорс петтиот меч го решија во својата корист со 104-94. Клучна беше првата четвртина која домаќините ја добија со 11 поени разлика.
Во останатиот дел од мечот се играше во интервали. Двата тима имаа свои периоди во играта, Селтикси успеаја да се вратат во последната четвртина, но не дојдоа до победата.
Татум со 27 поени и 10 скока беше најдобар поединец, но тоа не беше доволно за триумф. На другата страна Вигинс постигна 26 поени, додека Стеф Кари беше тивок со 18 поени и за прв пат од ноември 2018 од линијата за три поени не реализираше ниту еднаш, имаше 0/9. Клеј Томпсон беше стрелец на 21 поен и пет скока.
Шестиот меч се игра во Бостон, со победа Голден Стејт ќе го освои шампионскиот прстен, пораз ќе значи „мајстрока“ во Сан Франциско.