Ремзифаик Селмани се пресели во унгарски прволигаш

354

Довчерашниот фудбалер на тетовска Ренова, Ремзифаик Селмани, од вчера е нов фудбалер на унгарски Мезоковешд. Како што објавија од унгарскиот клуб, 25-годишниот напаѓач е едно од првите засилувања за тимот кој оваа сезона успеа да избори опстанок во унгарската елита.

Селмани има искуство од настапи во Унгарија, затоа што една сезона има настапувано за екипата на Ујпешт каде одигра пет натпревари и постигна еден гол.

Фудбалерот на Ренова имаше добра сезона во дресот на „гипсарите“ со 32 првенствени натпревари и 15 голови и 7 асистенции.

ПретходноРенова им се заблагодари на седуммина од годинешниот тим
СледноЦСКА (С) нема да ја пречека Македонија ЃП на својот стадион?