Натпреварот од второ квалификациско коло за Лига на конференции против ЦСКА- Софија, Македонија Ѓорче Петров ќе го одигра на комплексот Петар Милошевски на ФФМ.
Иако требаше да биде гостин, сепак, УЕФА одлучи да го промени домаќинството затоа што во ист термин треба да играат и Левски и ПАОК.
Според новата одлука, дуелот во Скопје ќе се одигра на 21. јули, седум дена подоцна е реваншот во Софија.