Несторовски има понуда на маса: Лече чека одговор

493

Македонскиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски ја има првата конкретна понуда за трансфер ова лето. Според пишувањата на италијанскиот печат, агентот на нашиот репрезентативец добил прва понуда од повратникот во италијанската елита Лече, кој беше заинтересиран за „Несторгол“ и во зимскиот преоден рок.

Несторовски и неговиот тим ја разгледуваат понудата, но има најави и за уште две други кои деновиве треба да бидат официјални. Се претпоставува дека едната е од англиски Ватфорд кој оваа сезона се пресели во англиската Чемпионшип лига.

ПретходноНкетиа потпиша нов договор со Арсенал и го доби иконскиот дрес со бр. 14
СледноПСЖ го купи првото засилување, доаѓа од Порто