Келце по пет години повторно во финале, Веспрем ќе почека за прв европски трон

134

По пет години, ракометарите на Келце се во финалето на ракометната ЕХФ Лига на шампиони. Во првото полуфинале на завршниот турнир во Келн, момците на Дујшебаев успеаја да го совладаат унгарскиот гигант Веспрем со 37:35 и да дојдат во ситуација да се борат за својата втора европска титула во историјата.

Веспрем одигра извонредно прво полувреме и не случајно на пауза замина со предност од два гола (18:16). Сепак, стартот на вториот дел донесе многу брзоплета игра на Унгарците и грешки кои полскиот тим ги искористи максимално. Во еден период од дуелот Келце имаше предност и од високи 4 гола разлика, која некако ушено ја оджа да самата завршница.

Извонредната реализација на десното крило Морито, кој средбата ја заврши со 8 гола, само допринесе Келце да биде исклучително опасен во реализацијата на контранападите. Полјаците ги имаа и Крачиќ (5) и двоецот Алекс и Даниел Дујшебаев кои заедно постигнаа уште 7 гола во победата денеска.

Кај Веспрем Лауге, Ненадиќ и Штрлек постигнаа по 7 гола, но Веспрем и оваа година останува без шанса да се бори за својата прва титула во најсилното европско клупско натпреварување.

ПретходноАкадемија Пандев се пофали со Душан Јоковиќ
СледноАрби Воша успешно опериран, кам бек за три недели