Силекс вечерва се пофали дека има уште едно ново име во своите редови. Тоа е Виктор Серафимовски, досегашниот дефанзивец на Ренова. Има 26 години и е некогашен член на кратовци, значи се врати во старото јато што се вели.
Силекс веднаш ја искористи ситуацијата во која се наоѓа Ренова и успеа да го „зграпчи“ Серафимоски кој секако дека ќе биде квалитетно засилување за тимот на стратегот Горазд Михаилов.