Европа денеска ќе го добие името на освојувачот на трофејот во Лигата на шампиони за оваа сезона. Бранителот на тронот Барселона во финалето ќе се сретне со Кјелце.
Дека спектаклот во Келн е уникатен, говори и бројката на посетеност на полуфиналните пресметки.
Вкупно 19.750 навивачи беа на трибините да ги бодрат Веспрем – Кјелце и Барселона – Кил. На победа се радуваа навивачите на полскиот и шпанскиот тим, а се чини најтажни беа фановите на Веспрем, кој одново остана без шанса да дојде до првиот трофеј во Лигата на шампиони.
Финалната пресметка меѓу Барселона и Кјелце е закажана со почеток во 18 часот, претходно Веспрем и Кил ќе ги одмерат силите за бронзениот медал.