Шкупи одигра 2:2 на пријателската средба во Истанбул против турскиот гигант Фенербахче. На средбата беа присутни и двајцата претседатели на клубовите, Олгун Ајдин на Шкупи и Али Коч на Фенер, кои заедно го проследија овој дуел.
По завршувањето на мечот, како знак на респект и благодарност за ова гостопримство, Ајдин му поради дрес на Шкупи на својот пријател на првиот човек на турскиот гигант Али Коч.
Нема што, убава глетка…