Челзи го објави новиот претседател, разделба со Грановскаја и уште еден куп промени во управниот одбор

320

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели, официјално ја презеде функцијата претседател на клубот на местото на Брус Бак кој досега ја извршуваше оваа функција и кој во иднина ќе биде советник во клубот. Англискиот тим најави уште низа промени во раководството, кои означуваат почеток на нова ера на Стемфорд Бриџ. Еден од најспецифичните моменти секако ќе биде разделбата со Марина Грановскаја, која беше најдоверливата личност на претходниот сопственик Роман Абрамович. Боели привремено ќе ја извршува и функцијата спортски директор додека не се најде најсоодветното лице за трајно преземање на оваа позиција. Сепак, Грановскаја се согласи да продолжи да биде на располагање на Боели и клубот до крајот на летниот преоден рок за транзицијата да биде понепречена.

„Почнуваме да ја исполнуваме нашата долгорочна визија и план за клубот, создавајќи исклучително искуство за нашите страсни и верни навивачи и продолжуваме да се бориме за сите најголеми награди. Работејќи заедно, решени сме да продолжиме да победуваме и на теренот и надвор од него. И благодариме на Марина за долгогодишната одлична услуга во клубот и и посакуваме се најдобро во нејзините понатамошни активности“, рече Боели.

ПретходноСахити бира помеѓу Аталанта и Хамбургер, Работнички во редот за наплата
СледноИзбегната трагедија на СП во Будимпешта