Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласира во третото коло на Вимблдон со победата над Танаси Кокинакис со резултат 3-0 во сетови 6-1, 6-4, 6-2. За разлика од претходното коло каде Ѓоковиќ имаше многу проблеми против јужнокорејскиот тенисер Квон кога изгуби еден сет, а имаше многу проблеми да го фати вистинскиот ритам, сепак, беше расположен денеска и лесно и убедливо славеше над својот противник.
Во следната рунда Новак ќе игра против Миомир Кецмановиќ, кој беше подобар од Алехандро Табил после четири сета.