Фонсека е нов тренер на француски Лил

121

Францускиот шампион од пред една сезона, Лил вечерва го објави назначувањето на Пауло Фонсека за нов тренер на тимот.

49-годишниот специјалист потпишал двегодишен договор со клубот. Тој на кормилото доаѓа како замена за Жошелин Гурвенек, под чие водство Лил минатата сезона ја заврши само на 10-тото место во француски шампионат.

Фонсека беше тренер на неколку елитни европски тимови како Порто, Брага, Шахтјор и Рома. Сепак, по заминувањето од Рома минатата година немаше ниту еден ангажман.

Претходно„Ле Паризиен“: Нејмар со една нога е надвор од „Паркот на Принцовите“
СледноВолкановски по третпат против Макс Холовеј