Ждрепка за новата сезона: По исклучувањето на Вардар, Митревски единствен македонски претставник во ЛШ

199

Македонија од следната сезона во Лигата на шампиони ќе има само еден претставник по исклучувањето на Вардар 1961. Никола Митревски ќе биде единствениот Македонец во најсилното европско клупско натпреварување. Искусниот репрезентативен голман и неговиот Порто денеска ќе ги дознаат имињата на противниците во групната фаза.

Ждрепката е закажана со почеток во 11 часот, а Порто се најде во третиот шешир заедно Кјелце, ГОГ и Цејле.

Носител во првиот шешир е актуелниот првак, Барселона, таму се најдоа уште Магдебург, ПСЖ и Пик Сегед.

ПретходноМилан и Малдини во „5 до 12“ потпишаа нов договор
СледноДенес почнува Тур де Франс – Погачар брка хет-трик!