Стојановска од Бадел 1862 се сели во Грција

136

Македонската репрезентативка, Александра Стојановска од следната сезона ќе го носи дресот на грчкиот клуб Евникос. Станува збор за тим кој се натпреварува во втората лига во тамошниот женски шампионат.

Стојановска минатата сезона беше еден од главните лидери на Бадел 1862, кој ја освои шампионската титула. Од клубот на својата официјална страница и се зблагодарија за

„На терен пожртвована, бескомпромисен борец за секоја топка, мотиватор, пеколна кошаркарка, почитувана од секој противник, лидер! Вистински идол на младите кошаркарки! Изразуваме голема благодарност за делата којшто ги остави позади себе во нашиот Бадел 1862! Голема чест и задоволство претставуваше твоето присуство во сино – жолтиот колектив!

Ти посакуваме многу здравје и успешна презентација на твоите кошаркарски и човечки квалитети во твојот следен предизвик, настапите во Евникос“, пишаа од Бадел 1862. 

ПретходноКорона – хаос во Словенија: Ракометарите се повлекуваат од Медитеранските Игри!
СледноЈокиќ го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА!