Машката ракометна репрезентација вечерва (20:15 часот) го игра четвртиот натпревар на Медитеранските Игри. По поразот од Шпанија прв во Оран, избраниците на Кирил Лазаров ќе се сретнат со селекцијата на Турција, меч кој мора да се добие за да останат во игра за второто место во групата.
Во полуфиналето, Македонија ќе влезе со триумф на денешната средба и убедлив пораз од Шпанија, меч кој се игра утре. Секое спротивно сценариот ќе значи дека на Медитеранските Игри ќе се бориме за петото место.
Денеска играат и ракометарките. Тие ќе се сретнат со селекцијата на Србија по поразот од Турција. Мечот само што стартуваше.